MEGA TRADE PRODUCTION
Преку трњата, до ѕвездите
Mega Trade Production е една од водечките фирми за производство на фиберглас мрежа за изолациони системи.
Одговорите на често поставуваните прашања може да ги пронајдете тука. Често поставувани прашања

Први
Mega Trade Production е прв и најголем македонски производител на фиберглас мрежа за изолациони системи и фасади од висококвалитетни репроматеријали.За компанијата
Патот до успехот започна со мали чекори со само 1 вработен, кој воедно беше и управител и презентациско лице на фирмата. А потоа следеа години на постојано работење и вложување, проширување, инвестираиње, а со самото тоа и освојување на нови пазари. Денес, Mega Trade Production е една од водечките фирми за производство на градежни материјали во Р.С.Македонија.
Од самите почетоци, фирмата е водена со визија и мисија да постане специјализирана за производство на производи од фиберглас. Главниот производ вклучува фасадна мрежа од фиберглас од висококвалитетни репроматеријали.
Фирмата денес располага со соврмен деловен простор, со површина од 3000 m2. Денес семејството на Mega Trade Production е составено од повеќе професионалци кои со својата посветена работа со години наназад ги унапредуваа своите вештини, и на компанијата и овозможуваат производство со највисок квалитет.
Погледни ги нашите производи
Горди сме на сите постигнати резултати за производство на стаклено фасадна мрежа, продажба на материјали, работен простор од 3000 м2, тим кој се спротиставува на сите задачи и проблематики за производите и услугите кои ги нудиме:
- Личен деловен однос
- Флексибилен логистички центар
- Производ со Ваша приватна ознака
- Висок квалитет
- Тим од професионалци
- Експертиза
- Посветност
Нашите суштински вредности
01.
Експертиза
Постојано учиме за да можеме да развиваме иновативни решенија. Користиме најсовремени системи и процеси за изработка на нашите производи.
02.
Страст
Го работиме тоа што го сакаме и горди сме на производите што ги нудиме. Горди сме на тоа што сме експерти во нашето подрачје на работа.
03.
Квалитет
Нашата тајна за квалитет ја темелиме врз континуираното подобрување на решенијата и љубовта во работата. Преферираме квалитет!
04.
Вниманието кон купувачите
Потоплно се трудиме да ги разбереме потребите на нашите купувачи и за нив обезбедуваме решенија со додадена вредност. Нашиот успех зависи од успехот на нашите купувачи.
Mega Trade Production е застапен на повеќе пазари низ светот!
Благодарение на добро организирата мрежа од повеќе партнери и дистрибутери, производите на Mega Тrade Production се достапни на повеќе пазари.
- Германија
- Италија
- Словачка
- Словенија
- Кувајт
- Арапски Емирати
- Турција
- Србија
- Босна и Херцеговина
- Албанија
- Косово
- Црна Гора

Тим од професионалци
Нудиме висок квалитет на фиберглас мрежа
Долгогодишната работа со голема посветност, упорност и волја за усовршување, се главни причини за пласирање производи со висок квалитет.
Секоја ролна од MegaFix 145g и MegaFix 160g е спакувана во соодветна најлонска кеса. На секоја ролна има декларација за производот. При испорака ролните се пакираат во картонски кутии по 30 ролни во кутија. Со тоа обезбедуваме квалитетно пакување на производот и сигурна заштита од несакани дејства при транспорт.